logo
logo
logo

КРИЗНАТА ЕНЕРГЕТСКА СОСТОЈБА ПРОДОЛЖЕНА ЗА УШТЕ 6 МЕСЕЦИ: Дај Боже да дојде до деескалација

Vecer | 10.10.2026

КРИЗНАТА ЕНЕРГЕТСКА СОСТОЈБА ПРОДОЛЖЕНА ЗА УШТЕ 6 МЕСЕЦИ: Дај Боже да дојде до деескалација

Владата ќе ја продолжи кризната енергетска состојба уште на шест месеци, објави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Ова доаѓа откако вчера Владата ја продолжи мерката за намалување на Данокот на додадена вредност (ДДВ) за дизелот од 18% на 10% до 20 октомври 2026.

-Ќе ја продолжиме за уште шест месеци кризната енергетска состојба. Имаме некои најави дека може да дојде до деескалација, но сепак тоа нас не нѐ спречува ако може да ја прекинеме. Дај Боже да дојде до деескалација и смирување на состојбата за да можеме да ја прекинеме кризната состојба. Но, кризната состојба ќе ја продолжиме уште шест месеци, мислам до април, рече Мицкоски.

Вчера министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска рече дека целта на одлуката за продолжување на мерката за намалено ДДВ е ублажување на ценовните притисоци врз домаќинствата и стопанството, како и одржување на економската стабилност.

-Продолжуваме со мерките за заштита на стандардот на граѓаните и стабилноста на домашната економија. Владата ја продолжува мерката за намалување на ДДВ за дизелот од 18 отсто на 10 отсто, до 20 октомври 2026 година. Со оваа мерка влијаеме врз малопродажните цени на горивата и ги ублажуваме надворешните ценовни притисоци, со цел да го намалиме финансискиот товар врз граѓаните и стопанството – напиша Димитриеска-Кочоска, на социјалната мрежа Фејсбук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk