БЕСПЛАТЕН WiFi ВО 64 ОПШТИНИ - Над 200.000 корисници и 115 терабајти податоци

Vecer | 10.11.2026

БЕСПЛАТЕН WiFi ВО 64 ОПШТИНИ - Над 200.000 корисници и 115 терабајти податоци
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Вкупно 72 локации во 64 општини во државата се опремени со бесплатен безжичен интернет со брзина од 200 мегабити во секунда преку проект поддржан од Европската Унија и Германија. Досега се регистрирани над 200.000 корисници и пренесени повеќе од 115 терабајти податоци. Ова беше истакнато денеска на завршниот настан на проектот „ЕУ за Западен Балкан - Wi-Fi во Северна Македонија“, спроведен од ГИЗ во координација со Министерството за дигитална трансформација и „Македонски телеком“.

Евроамбасадорот Михаил Рокас нагласи дека проектот е конкретен пример за соработка во рамките на „Тим Европа“ и потврда за високиот приоритет што Европската Унија го дава на дигиталната поврзаност.

- Свесни сме дека руралните и планинските подрачја сè уште немаат соодветна интернет-покриеност, па затоа треба да ги засилиме напорите и интернет-пристапот да го направиме достапен и финансиски прифатлив за секој граѓанин. Истовремено, треба подобро да ги промовираме нашите активности и да обезбедиме сите да бидат информирани за нив, вклучително и туристите - рече Рокас.

Оцени дека досега регистрираните 200.000 уникатни корисници се добар почеток, но оти е потребно услугата да ја користат уште поголем број граѓани. Воедно, Рокас му честита на Министерството за дигитална трансформација за резултатите во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата посочувајќи дека дигиталната трансформација е една од областите со најдобри оценки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk