СДС продолжува со својата добро позната политика на црни сценарија, политички манипулации и обиди за ширење паника кај граѓаните. Колку тоа и да не и се допаѓа на СДС, Македонија бележи највисок економски раст во регионот, меѓународните извештаи ги потврдуваат позитивните економски движења - стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат:
Македонија е една од земјите со најниските стапки на инфлација во Европа каде достигна 4,0 % на годишно ниво во октомри 2026 година.
Фактите и официјалните статистички податоци покажуваат дека годишната инфлација во Македонија во октомври 2026 година изнесува 3,3 проценти, додека според прелиминарната проценка на Евростат, инфлацијата во еврозоната достигна 4 проценти.
Тоа значи дека инфлацијата во Македонија е пониска од онаа во еврозоната во време на сериозни геополитички предизвици.
Наместо СДС да ги извртуваат бројките и да шират политички конструкции, од СДС треба да одговорат, како за време на нивното владеење се справуваа со економските предизвици и зошто граѓаните со години се соочуваа со намалување на куповната моќ.
Во време на владеењето на СДС и ДУИ инфлацијата беше двоцифрена а единствена грижа на СДС, Заев и Филипче им беше како да договорат тендер плус, процент плус за сега да можат да се луксузираат по Егејот и да градат висококатници во Дубаи.
СДС и ДУИ потрошија милионски буџети, а не направија ништо, СДС и ДУИ го осироимашија народот и ја испразнија државната каса.
Владата е свесна дека растот на цените останува сериозен предизвик за секое семејство. Затоа, приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е економскиот раст, повисоките плати, отворањето нови работни места и мерките за заштита на животниот стандард.
Граѓаните заслужуваат реални решенија, а не политички памфлети и секојдневно ширење страв од страна на СДС.
Граѓаните имаат потреба од конкретни економски резултати, на кои работи Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а не од политички манипулации и црни сценарија на СДС.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата