logo
logo
logo

ЧУДО ВО МАКЕДОНИЈА! По се што беше, уште ова му фали - ТАЛАТ ЌЕ БИДЕ ПРЕМИЕР

Vecer | 02.12.2023

ЧУДО ВО МАКЕДОНИЈА! По се што беше, уште ова му фали - ТАЛАТ ЌЕ БИДЕ ПРЕМИЕР

Талат Џафери од ДУИ да биде премиер сто дена пред избори, а координаторот на СДСМ, Јован Митрески нов претседател на Собранието, е најверојатната варијанта за техничката влада, објави попладнево „360 степени“.

Канал 5 добил потврда од извори во СДСМ дека овој предлог бил ставен на маса, од нивна страна, на последниот состанок со ДУИ, но од Мала Речица се уште не добиле одговор на понудата..

Аргументите на Бихаќка се дека со ваквото решение, би се постигнал баланс во распределбата на врвните функции во власта, ДУИ не би имала и премиер и претседател на парламентот во исто време, а во случај да не се избере шеф на државата, в.д. претседател би бил етнички Македонец…

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk