Под лупа 27 финансиски друштва

ДПИ открива СКАНДАЛ СО БРЗИТЕ КРЕДИТИ - Повеќе од 140 милиони денари ќе се враќаат кај граѓаните

Vecer | 26.11.2026

ДПИ открива СКАНДАЛ СО БРЗИТЕ КРЕДИТИ - Повеќе од 140 милиони денари ќе се враќаат кај граѓаните
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) за првпат спроведе сеопфатен и неселективен инспекциски надзор кај сите 27 финансиски друштва кои поседуваат лиценца за работа од Министерството за финансии, при што утврди сериозни прекршувања на правата на потрошувачите и донесе решенија со кои овие друштва се обврзуваат да им вратат на граѓаните незаконски наплатени средства во вкупен износ од над 140 милиони денари, соопшти директорот на ДПИ, Влатко Стојкоски. Како што додаде директорот, овој износ не е конечен.

Според наодите од контролите, кај 18 финансиски друштва е констатирано дека применувале нечесна трговска практика, односно дека во договорите за потрошувачки кредити вградувале нечесни трговски одредби, поради што им се изречени законски мерки и издадени платни налози во вкупен износ од над 3,5 милиони денари. Дополнително, кај 12 субјекти инспекторите утврдиле непочитување на одредбите при плаќањата согласно Законот за заштита на потрошувачите — односно, спротивно на член 36, став 1 од законот, на потрошувачите им биле наплаќани трошоци за доставени известувања и опомени поради доцнење или неплаќање на доспеаните обврски по основ на кредити, по што ДПИ донел решенија со наредба за враќање на над 140 милиони денари на оштетените граѓани.

Изречените казни, како што појасни Стојкоски, се различни, но се движат од 2.000 до 10.000 евра по прекршок. Контролите го опфатиле периодот од 2023 до 2026 година, а истрагата е се уште во тек.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk