ТЕШКИ ТВРДЕЊА ОД ПОРАНЕШЕН РАЗУЗНАВАЧ: Бугарските тајни служби ни инсталираа луѓе во самиот врв!

Vecer | 27.11.2026

ТЕШКИ ТВРДЕЊА ОД ПОРАНЕШЕН РАЗУЗНАВАЧ: Бугарските тајни служби ни инсталираа луѓе во самиот врв!
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Она што бугарските тајни служби го направија во минатото ќе го ставам да се изучува како пример, најголемиот успех на бугарската служба, а наш срам и неуспех е тоа што бугарската разузнавачка служба на нас ни изгради врвни луѓе и ни ги инсталира во врвниот општествен и политички живот. Од премиери, до ете, да не зборувам понатаму, тоа им е најголемиот успех, потенцира поранешниот разузнавач и безбедносен аналитичар Владо Јовановски во НАТКАСТ со Љупчо Цветановски.

-Најголемиот успех на бугарската служба, а наш срам и неуспех е тоа што бугарската разузнавачка служба на нас ни изгради врвни луѓе и ни ги инсталира во врвниот општествен и политички живот. Од премиери, до ете, да не зборувам понатаму, тоа им е најголемиот успех. Еден ден ако бидам во можност, јас тоа ќе го ставам да се изучува во школите за разузнавање како пример – како една служба постапува во друга служба и држава. Спомнав и претходно, дали е со уцени со закани, со компромитирање или со друго мотивирање, останува прашање и не е битно, битно успехот е постигнат, посочи разузнавачот во НАТКАСТ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk