logo
logo
logo

ЧАДОТ ОД ЖЕДЕН И КИТКА СТИГНА ДО СКОПЈЕ: Ангелов со објаснување

Vecer | 24.08.2026

ЧАДОТ ОД ЖЕДЕН И КИТКА СТИГНА ДО СКОПЈЕ: Ангелов со објаснување

Дел од чадот што во изминатите денови се чувствува во Скопската Котлина доаѓа од пожарите на планините Жеден и Китка, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Ангелов посочи дека по извршеното хеликоптерско извидување било утврдено дека дел од чадот што го чувствуваат жителите на одделни населби во Скопје доаѓа од пожарот во атарот на селото Бојане на планината Жеден.

„Од извршеното хеликоптерско извидување можевме да забележиме дека дел од чадот на кој се жалат жителите на градот Скопје во некои населби доаѓа од пожарот кој се одвива во атарот на село Бојане на планината Жеден“, изјави Ангелов.

Тој информираше дека на падината на планината се распоредени тетовски пожарникари со поддршка од нивните колеги од Скопје, при што очекува овој крак од пожарот да биде целосно сопрен во текот на денот.

„Тетовските пожарникари со поддршка на скопските се поставени на падината на планината и очекувам попладнево или денеска при вечер овој крак од пожарот да биде целосно сопрен“, рече Ангелов.

Сепак, според него, чадот што се шири низ Скопската Котлина не потекнува само од пожарот кај Бојане. Дел од него доаѓа и од пожарот на планината Китка, поради различното движење на ветровите над самото жариште во однос на воздушните струења во котлината.

Ангелов упати благодарност до пилотите на полициските хеликоптери, но и до воздухопловно-техничкиот персонал кој обезбедува техничка поддршка за нивната оперативност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk