logo
logo
logo

НОВИ АМЕРИКАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ во Македонија, најави министерот Муцунски

Vecer | 29.09.2026

НОВИ АМЕРИКАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ во Македонија, најави министерот Муцунски

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостувањето во емисијата „Тема на денот“ на „Сител“, по работната посета на САД и учеството на Генералното собрание на ОН, се осврна на односите со Соединетите Американски Држави, политичкиот дијалог со американската администрација, економската соработка и, како што посочи, конкретните придобивки за граѓаните и домашната економија.

Муцунски оцени дека во изминатиот период значително е засилен билатералниот ангажман со САД, што, како што посочи, се гледа и преку интензитетот и преку содржината на средбите на највисоко ниво со претставници на американската администрација и Конгресот, како и со претставници на финансиски организации од јавниот и приватниот сектор.

– Фактите говорат за себе. И интензитетот, и содржината, и пораките што се пренесуваат, кои обезбедуваат клучните инвестиции, како оние за кои зборуваме, да се насочат кон стратешките сектори – истакна Муцунски.

Говорејќи за односите со американскиот државен секретар Марко Рубио, министерот нагласи дека во изминатиот период е воспоставена интензивна комуникација и однос заснован на доверба и реализација на заеднички приоритети.

– Стратешкиот однос со САД е еден од постулатите на нашата надворешна политика и моето очекување е дека интензитетот на таа соработка ќе продолжи – порача Муцунски.

Посебен акцент беше ставен на економската димензија на партнерството. Муцунски посочи дека интензивниот политички дијалог со Вашингтон е проследен со зголемена трговска размена и извоз кон американскиот пазар, како и со создавање услови за зачувување на работните места и зголемување на капацитетите и инвестициите на извозно ориентираните компании.

– Можеме да зборуваме за сериозен скок на трговската размена и зголемен извоз кон Соединетите Американски Држави. Бевме една од првите земји во Европа што имаше заедничка изјава со САД во делот на трговијата, што создаде услови не само за зголемена трговска размена, туку и за зачувување на работните места и за зголемување на капацитетите и инвестициите на извозно ориентираните компании – нагласи министерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk