Адвокатски друштва и компании намерно предизвикувале пропаѓање на јавните набавки за да заработат од жалбените постапки, тврди премиерот Христијан Мицкоски откако вчера Собранието го донесе законското решение за јавните набавки. Законот беше вратен и од претседателката на државата која не го потпиша указот, но сега мора да го потпише.
- Ние имаме адвокатски друштва и компании коишто заработуваат на тоа што свесно се договараат и паѓаат јавни набавки. И тоа токму такви јавни набавки, за коишто сега прагот од 5.000 е зголемен. Јас точно знам кои се тие експерти и невладини коишто се обидуваат да креираат таква перцепција, но морам да кажам дека не се во право и дека имаме различни мислења, изјави Мицкоски, додавајќи дека измените биле консултирани со меѓународната заедница.
Ги отфрла сомнежите дека повисокиот праг ќе овозможи однапред договорени набавки и фаворизирање понудувачи, тврдејќи дека законските процедури и контролите го спречуваат тоа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата