ЛОША ВЕСТ ЗА ОПОЗИЦИЈАТА - повеќе од 6% раст во туризмот, ќе ја надминеме предвидената цел

Vecer | 14.11.2026

ЛОША ВЕСТ ЗА ОПОЗИЦИЈАТА - повеќе од 6% раст во туризмот, ќе ја надминеме предвидената цел
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Премиерот Христијан Мицкоски ги квалификува како прилично охрабрувачки најновите податоци што ги објави Државниот завод за статистика во однос на туризамот.

Како што изјави премиерот, амбицијата на Владата на почеток на година била земјава да има милион туристи и три милиони ноќевања, но заклучно со септември бележи повеќе од 1.100.000 туристи и скоро три милиони ноќевања, а тоа значи дека ќе биде надмината предвидената цел. 

- Податоците се прилично храбрувачки. Ние веќе, заклучно со септември, сме на повеќе од 1.100.000 туристи и скоро 3 милиони ноќевања, што значи дека ќе идеме над тоа што сме го предвиделе како како цел. Во третиот квартал, споредено со третиот квартал минатата година, имаме 35.000 туристи повеќе и  110.000 ноќевања повеќе, што е добро, тоа е повеќе од шест отсто раст и по една и по друга основа. И повторно, ова е лоша вест за опозицијата. Тие би сакале да назадуваме, но, за нивна жал, а за добро на граѓаните, одиме напред“, изјави Мицкоски по увидот во градежните активности на проектот „Подобрување на системот за водоснабдување во руралната населба Каменик, Општина Кисела Вода“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk