logo
logo
logo

Денеска ОБЛАЧНО СО ПОВРЕМЕН ДОЖД, температури до 23 степени

Vecer | 15.04.2026

Денеска ОБЛАЧНО СО ПОВРЕМЕН ДОЖД, температури до 23 степени

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

„Минималната температура ќе се движи од 5 до 16 степени, додека максималната ќе достигне меѓу 12 и 23 степени“, се вели во прогнозата на синоптичарите.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и слаб до умерен југоисточен ветер.

„Температурата ќе се движи од минимални 10 до максимални 22 степени“, соопштија од Управата.

Според прогнозата на УХМР, во наредните денови следува период на променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk