logo
logo
logo

Вечер Анализа

Дедовците и бабите ќе работат пет-шест години подоцна затоа што НЕМААТ ВНУЦИ ДА ГИ ЗАМЕНАТ

Vecer | 02.08.2026

Дедовците и бабите ќе работат пет-шест години подоцна затоа што НЕМААТ ВНУЦИ ДА ГИ ЗАМЕНАТ

Македонија не е надвор од светот, особено не е надвор од европските стандарди и животен стил. А, за жал, наместо најдобрите искуства со Европа делиме едно негативно - драстично намалување на нови бебиња и немање фамилии со две или повеќе деца. Исчезнуваме и како народ, и како семејства и како економија бидејќи има се помалку луѓе кои економијата и нацијата ја сочинуваат.

Не, не се парите причина за уништување на семејствата. Најбогатите држави во Европа, како скандинавските или Фрнација и Германија, имаат најмалку бебиња во своите семејства. Се работи за идолошки терор, за современа форма на егоизам, чување на сопствениот комидитет и не гледање смисол во основното природно правило: репродукција и создавање близина од луѓе во семејствата.

Во педесетиите и шеесеттите години во Македонија годишно се раѓале од 36.000 до 45.000 нови бебиња, сега едвај 16.000. Дали во 1954/55 кога се родени 46.000 нови бебиња луѓето во Македонија биле повеќе богати, со поголеми станови и куќи и полесно доаѓале до работа? Секако дека - не.

Се работи за личен избор но, и за идеолошки тероризам со влијание од левичарска либерална политика која веќе од осумдесеттите наваму силно пропагира и промовира еднополови бракови, семејства без деца, промена на пол... што е директно поврзано со губење репродуктивен процес и намалување новороденчиња како и уривање на семејставата и семејните вредности.

Движењето “Без деца“ ( No Childrem Movement) е агресивна левичарска либерална кампања покриена со многу финасии за промоцијата, растечка општествена заедница и избор на начин на живот каде што луѓето активно одлучуваат да не имаат или да не посвојуваат деца. Се фокусира на лична слобода, кариерни цели и среќа без родителство.

Зошто луѓето според нив би требало да изберат живот без деца: Лична слобода: Повеќе возрасни сакаат време за хоби, патувања и мирни денови. Пари: Високите трошоци за живот и грижа за деца го отежнуваат одгледувањето деца. Глобални грижи: Некои луѓе се грижат за климатските промени и светските конфликти. Фокус на кариерата: Многумина избираат да ја вложат целата своја енергија во своите работни места и личен раст.

Финални резултати: Западниот свет, пред се Европа и Северна Америка, се соочија со немање млада популација, уништување на семејствата и традиционалните вреднности, зависност од мигратни.

Таа политика изврши геноцид во развиените држави кои се почести корисници и повеќе под влијание на медиумите и социјалните мрежи, речиси сите тие се промотери на левичарката политика. Во левичарски “освестената“ Европа од некогашните 3 родени деца од една жена сега, од осумдесеттите наваму, тоа е паднато на ниво на 1,5 деца по жена или помалку, додека во “неосвестените“ традиционални средини во Африка и Азија имаат 3 или повеќе родени деца по една жена со што темелно се менува балансот, кулурната, расна и етничка карта на светот.

Се менува иднината во се, па секако и во економијата. Европа нема млади кои ќе ја водат европската економија наредните децении и осудена е масовно да прима мигранти за да се одржи економскиот систем. Кога приемот на мигранти стана етнички, културен и верски проблем нов модел за спас е - одење подоцна во пензија на сега вработените.

Дедовците и бабите ќе работат пет-шест години подоцна затоа што немаат внуци да ги заменат. Или тоа, или црвен тепих за масовен прием на мигрантите.

Елон Маск реагираше на податоците на „Фајненшл тајмс“, базирани на статистика на Обединетите нации, кои покажуваат децениски пад на стапките на фертилитет (новородени) во Франција, Германија, Италија, Јапонија, Јужна Кореја и САД.

„Во 21 од 27-те земји на Европската унија, бројот на смртни случаи е поголем од бројот на раѓања. Тие долго време се движат кон исчезнување“, напиша Маск на социјалната мрежа X.

Европа повеќе не може да го обнови своето население. Ова значи дека без имиграција, овие земји повеќе не можат да го одржат своето постоечко население, економии, национален опстанок, бидејќи секоја година губат повеќе луѓе отколку што добиваат нови раѓања.

Истата левичарска либерална политика која го уништува семејството и иднината ја иништува и индивидуата и персоналитет. И тогаш а особено подоцна, преку глобалните медиуми и социјалните мрежи промовира нов систем на вредности - кога човек не е веќе родител туку главна функција му е да биде клиент, муштерија на глобалниот бизнис и на глобалните медиуми кои бизниссот го подигаат на ниво на религија: верувај во ова без да прашуваш зошто.

Ова е ситуацијата Европа со која, за жал, во ова сме солидарни.

Возраста за пензионирање во Европската Унија ќе се зголеми од 64,7 на 66,9 години за мажи и од 64 на 66,6 години за жени до крајот на 2060-тите години, а околу две третини од европските земји се очекува да ја зголемат пензиската возраст за мажи, додека три четвртини ќе ја зголемат за жени.

Според анализата на „Евроњуз“ на податоците за 32 земји и извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) „Пензиите на прв поглед 2025“, мажите се соочуваат со повисока пензиска возраст во 21 земја, а жените во 24. Низ ЕУ, нормалната пензиска возраст се очекува да порасне за околу 2,1 година за мажи и 2,6 години за жени.

Зголемувањето на пензиските возрасти останува честа стратегија за подобрување на финансиската одржливост на економијата во државите па, оттаму, и на пензиските системи без намалување на нивоата на пензиите, се наведува во извештајот, каде што се додава дека, алтернативно, финансиската одржливост може да се постигне преку зголемување на придонесите или намалување на нивоата на бенефиции.

Колку деца раѓа една жена во Европа. Само во Монако се две
Колку деца раѓа една жена во Европа. Само во Монако се две

Според податоците на ОЕЦД за 2024 година, моментално највисока пензиска возраст за мажи од 67 години има во Данска, Норвешка, Исланд и Холандија, додека просекот во ЕУ изнесува 64,7 години.

Турција е значаен исклучок со пензиска возраст од 52 години, а следна најниска е 62 години во Грција, Словенија и Луксембург. Меѓу петте најголеми економии во Европа, Германија има највисока пензиска возраст за мажи од 66,2 години, додека Франција има најниска од 64,3 години.

Низ ЕУ, мажите кои влегле на пазарот на труд на 22 години во 2024 година се проектирани да се пензионираат на просечни 66,9 години, околу 2069 година.

Данска ќе има највисока пензиска возраст за мажи од 74 години, додека кон крајот на 2060-тите таа ќе достигне 71 година во Естонија и 70 години во Италија, Холандија, Шведска и Кипар.

Најниска пензиска возраст за мажи од 62 години ќе имаат Словенија и Луксембург. Меѓу најголемите европски економии, мажите во Италија ќе имаат највисока идна пензиска возраст од 70 години, следени од оние во Обединетото Кралство со 68 и Германија со 67 години, додека во Франција и Шпанија таа ќе изнесува 65 години.

Мажите во Турција ќе се соочат со најголем пораст од 13 години (од 52 на 65 години).

Данска ќе бележи пораст на возраст за пензионирање од седум години, следена од Естонија, Италија, Словачка и Кипар со зголемување од најмалку пет години. Во Шведска и Грција границата ќе се зголеми за четири години, во Холандија и Финска за три години, а зголемување од најмалку две години ќе има во Португалија, Обединетото Кралство, Чешка, Романија и Белгија. Мажите во Германија и Франција ќе се соочат со зголемувања на границата за одење во пензија од една година.

За жените, Данска, Холандија, Исланд и Норвешка моментално имаат највисока пензиска возраст од 67 години, додека просекот во ЕУ е 64 години. Турција има најниска сегашна пензиска возраст за жени од 49 години, следена од Полска со 60 години. Проекцијата за жените во ЕУ кои започнале со работа во 2024 година е пензионирање на просечни 66,6 години.

Како и кај мажите, Данска ќе ја има највисоката идна пензиска возраст за жени од 74 години, по што следат Естонија со 71, како и Италија, Холандија, Шведска и Кипар со 70 години. Полска ќе продолжи да ја има најниската пензиска возраст за жени во ЕУ од 60 години.

Најголем пораст на возраста за стекнување пензија за жени повторно ќе има Турција - 14 години, од сегашните 49 на 63 години.

На крајот, денес помладите генерации кои станаа “клиенти“ на левичарската либерлна политика, кои не се согаласни да се откажат од својот комидитет и личните планови за деловен успех па поради тоа немаат деца во семејствата како кај нивните родители или дедовци и баби - цената на својот “комотен избор“ ќе ја платат со три, пет или седум години подоцна одење во пензија, зависно од државата како што е претходно опишано.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk