logo
logo
logo

ЈАКИМОВСКИ ЗАД РЕШЕТКИ, казната ќе ја издржува во Шутка

Vecer | 15.07.2026

ЈАКИМОВСКИ ЗАД РЕШЕТКИ, казната ќе ја издржува во Шутка

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, влегол во затворот во Шутка, каде што ќе ја издржува 6,5 месечната затворска казна.

Според информациите, Јакимовски доброволно се пријавил на издржување на казната, по што, согласно затворските процедури, треба да биде сместен во приемното одделение на установата.

Апелацискиот суд Скопје на 9 јуни ја потврди едногодишната затворска казна за ексградоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во предметот поврзан со изградбата на општинската зграда во Карпош.

Од Судот информираат дека, постапувајќи по жалбите на обвинетите и на надлежниот јавен обвинител, е донесена второстепена пресуда со која е потврдена првостепената одлука за кривичното дело бесправно градење, за кое на Јакимовски му е изречена казна затвор во траење од една година. Во изречената казна ќе му биде пресметано и времето поминато во куќен притвор во периодот од 19 март до 15 август 2019 година.

Претходно, од Основниот кривичен суд Скопје соопштија дека тој бил упатен на 2 јули 2026 година да се јави во Затворот Скопје за започнување на издржувањето на казната.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk