Скопје, главниот град на Македонија се најде на листа на најевтини градови во Европа за оние кои сакаат да работат од дома, односно од далечина.
Во ерата на современи технологии кои овозможуваат опции за работа од други земји, многумина се заинтересирани кои земји ќе бидат најевтини доколку одлучат да работат на далечина.
Компанијата Brother UK спроведе истражување за да открие каде во Европа е најевтиното, но и најскапото место за работа на далечина.
Brother UK ги анализирале факторите како што се брзината на Wi-Fi, трошоците за изнајмување стан, електричната енергија, како и безбедноста на местото, и на секоја дестинација и дале оценка од максимум 100.
Најдостапен град за оние кои работат од далечина на оваа листа е Тузла, за која изјавиле дека еднокреветниот стан во центарот на градот чини само околу 207 евра месечно, а дека храната надвор од домот е исто така супер евтина - во просек оброк чини само 4,11 евра.
Токму Романија доминира на листата на најевтини градови со своите градови, заземајќи пет од првите 10 места. Трошоците за Интернет во Орадеа, која го зазеде второто место, се само 7,42 евра, но градовите како Крајова и Сибиу се најдоа на листата благодарение на нивната достапност.
Подолу, погледнете ја комплетната листа на европски градови од кои е најзгодно да се работи од далечина:
1. Тузла, Босна и Херцеговина
2. Орадеа, Романија
3. Крајова, Романија
4. Пловдив, Бугарија
5. Јаши, Романија
6. Темишвар, Романија
7. Сибиу, Романија
8. Скопје, Македонија
9. Ниш, Србија
10. Сараево, Босна и Херцеговина
А еве ги најскапите европски градови за работа на далечина
1. Цирих, Швајцарија
2. Лондон, Велика Британија
3. Лозана, Швајцарија
4. Женева, Швајцарија
5. Даблин, Ирска
6. Базел, Швајцарија
7. Берн, Швајцарија
8. Бристол, Велика Британија
9. Трондхајм, Норвешка
10. Минхен, Германија
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата