Скопското Јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага за вработениот во Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ) кој работел во Одделението за издавање урбанистички согласности поради сомнеж дека сторил кривично дело примање поткуп.
„Осомничениот, како вработен во ДЗС бил овластен да потпишува, дава мислење и издава согласност на просторни и урбанистички планови и проекти од аспект на заштитата и спасувањето и елаборати за заштита од пожари, експлозии и опасни материи, но за да даде согласност за елаборат кој не ги исполнувал условите за градба во делот за заштита од пожари, експлозии и опасни материи, побарал и примил поткуп од едно лице во износ од 32.000 денари“, соопшти Обвинителството.
Јавен обвинител проценил дека постои ризик осомничениот да се даде во бегство да го повтори делото или да може да влијае врз сведоци и затоа до судија на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата