БОРБАТА НЕ СТИВНУВА - Активни три опасни пожари

Vecer | 26.08.2026

БОРБАТА НЕ СТИВНУВА - Активни три опасни пожари
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Во изминатото деноночие регистрирани се вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои три се активни, четири се под контрола, а 24 се изгаснати, соопшти Центарот за управување за кризи.

Активни пожари има општините Студеничани и Зелениково – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер со крак кон Палиград и Вражале – општина Зелениково, мешана шума, во општините Гостивар и Македонски Брод – кај селото Трново кон селата Битово и Заград и во општина Чашка – над селото Нежилово.

Под контрола се пожарите кај кумановското село Тајмиште, во општина Македонски Брод помеѓу резерватот „Јасен“ и селото Брезница, на градската депонија „Мелци“ во Кавадарци и на депонијата во Делчево.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk