Битолчанец пукал со пушка во куче, погодил такси возило

Vecer | 24.08.2023

Битолчанец пукал со пушка во куче, погодил такси возило
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Педесетгодишен таксист од Битола денeска напладне едвај спасил жива глава откако битолчанец во Горно Оризари, наводно стрелајќи во куче со пушка, го погодил и оштетил такси возилото, кое било паркирано додека чекал патници во населбата.

Таксистот, најпрво слушнал истрел, а потоа видел дека куршумот завршил во неговиот автомобил, а тој за среќа минал без повреди. Веднаш случајот го пријавил во полиција.

Полициските службеници по претходно добиена судска наредба поради сомнение за строено кривично дело предизвикување општа опасност, извршија претрес во домот и други простории на М. Од Битола, при што пронашле и одзеле една малокалибарна пушка и 9 куршуми.

По извршените оперативни проверки, криминалистичката полиција го лишила од слобода битолчанецот, кој го признал кривичното дело, а во службениот разговор изјавил дека пукал во куче.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk