logo
logo
logo

АКО САКАТЕ ИЗБОРИ, ЌЕ ГИ ДОБИЕТЕ - Премиерот со силна порака до опозицијата

Vecer | 20.08.2026

АКО САКАТЕ ИЗБОРИ, ЌЕ ГИ ДОБИЕТЕ - Премиерот со силна порака до опозицијата

Граѓаните не бараат избори, туку реформи. Доколку опозицијата мисли дека се потребни предвремени избори, ќе одговориме на тоа барање позитивно и се разбира дека ќе ги победеме - изјави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во одоговор на новинарско прашање.

- Граѓаните не сакаат избори. Граѓаните сакаат реформи и континуитет на процесите што ги води оваа Влада. Затоа ја направив онаа споредба на почетокот - три спрема еден - на перформансите на оваа Влада во споредба со претходната влада. Ние како коалиција имаме добиено легитимитет од граѓаните за да бидеме Влада четири години. Но, она што јас вчера го кажав, ќе го потврдам, а тоа е доколку опозицијата мисли дека се потребни предвремени избори, се разбира, ние нема да седиме на страна како кукавици, туку ќе одговориме на тоа барање позитивно и се разбира дека ќе ги победеме - изјави Мицкоски пред учеството на амбасадорскиот совет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk