logo
logo
logo

ПРИВЕДЕН СЛУЖБЕНИК

БЕЗМИЛОСНА КОРУПЦИЈА ВО ПРИЛЕП - Вработен во Агенцијата за вработување барал поткуп за да не ја укинат социјалната помош

Vecer | 25.07.2026

БЕЗМИЛОСНА КОРУПЦИЈА ВО ПРИЛЕП - Вработен во Агенцијата за вработување барал поткуп за да не ја укинат социјалната помош

Службеник рекетирал болен социјалец , му земал пари за да не го избрише од регистарот. 50 годишниот Д - Т со месеци изнудувал пари од 47-годишен невработен прилепчанец.
Службеник од Агенцијата за вработување во Прилеп е приведен откако со месеци земал поткуп од болен и сиромашен граѓанин под закана дека ќе му ја укине социјалната помош.

Овој застрашувачки случај на корупција и уцена врз грбот на најранливата категорија граѓани е целосно разоткриен од страна на полицијата, која му стави лисици на 50-годишниот Д.Т за тешка злоупотреба на службената положба. 

Жртвата на уцената бил 47- годишен невработен прилепчанец и примател на социјална помош, кој поради сериозно нарушено здравје бил принуден да одбие понудено работно место во фабрика во Битола. Наместо да го заштити и да ги уважи неговите здравствени причини, корумпираниот чиновник ја искористил маката на граѓанинот за сопствена финансиска корист. 

Според информациите во периодот од април до јули годинава, службеникот во неколку наврати барал и земал пари од граѓанинот, под директна закана дека ќе го избрише од регистарот на невработени, со што тој би останал без единствените средства за опстанок. 

„На 24.07.2026 во 17:15 часот во Прилеп, полициски службеници го лишија од слобода Д.Т.(50) од Прилеп, вработен во АВРСМ, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп”. Според пријавеното, тој на 47-годишно лице од Прилеп, невработено и примател на социјална помош, од април до јули во неколку наврати побрала и примил поткуп за да не му ја укинат социјалната помош затоа што од здравствени разлози одбил работно место во фабрика во Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети од кривичното дело. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од полицијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk