logo
logo
logo

БЕГАЛ ОД ПОЛИЦИЈАТА, ПА СЕ ЗАБИЛ ВО ЅИД И СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО: 20-годишникот бил баран за две години затвор

Vecer | 25.08.2026

БЕГАЛ ОД ПОЛИЦИЈАТА, ПА СЕ ЗАБИЛ ВО ЅИД И СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО: 20-годишникот бил баран за две години затвор

Дваесетгодишник од Студеничани бил приведен во скопското село Морани, откако полицијата постапила по судска наредба за негово спроведување на издржување двегодишна затворска казна. Б. А. бил лишен од слобода вчера околу 17:25 часот од страна на припадници на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.

Претходно, тој управувал автомобил „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки и не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници. Набргу потоа, со возилото удрил во бетонски ѕид, а при движење наназад удрил и во службено возило „Шкода Јети“ во сопственост на МВР.

По приведувањето биле извршени дополнителни проверки, при што било утврдено дека 20-годишникот бил баран за издржување затворска казна во траење од две години за кривични дела по член 292 и член 288 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа, каде што треба да ја издржува изречената казна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk