Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес-конференција на која постави прашања:
„Осудениот криминалец Иван Барбов кој е другар на аболицираниот криминалец Зоран Заев, треба да каже дали добил повик од врховниот лидер на СДС Заев за Михаилова или пак Филипче е тој којшто ургирал?
Барбов потрвди дека Заев му ѕвонел за преглед на пациенти но, Барбов треба да каже дали се слушал и со Филипче и дали тој му ургирал за извештајот за Михаилова“?
Доктор со криминално минато, лице за кое Стејт Департментот на САД го смета за контроверзно, директор на кој ДЗР му нашло незаконито работење, а секако правосудните органи не спровеле случај, се вика Иван Барбов, изјави Манасиевски.
Ваков човек е лесно да искористите, особено ако сте го назначиле и за директор на клиника, а токму тоа го направиле Филипче и Заев.
Очекуваме одговори и истрага дали зад извештајот за Ива Михаилова стојат Филипче и Заев, со цел да и помогнат на Бугарија да одглуми некаква жртва во политичка смисла.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата