Функционерите и другите лица кои според закон имаат право на службен стан, но државата не може да им го обезбеди, ќе добиваат месечен надоместок за кирија во висина од 350 евра во денарска противвредност. Износот на надоместокот останува непроменет.
Одлуката била донесена на 221. седница на Владата, одржана на 13 октомври 2026 година.
Според објаснувањето од Канцеларијата на владиниот портпарол, надоместокот произлегува од Законот за извршување на Буџетот и изнесува 350 евра месечно, пресметани според средниот курс на Народната банка на денот на исплатата.
Тоа значи дека еден корисник може да добие вкупно 4.200 евра годишно, доколку го користи надоместокот во текот на сите 12 месеци.
Сепак, ова право не им следува автоматски на сите функционери, туку само на лицата кои законски имаат право на службен стан, а таков не може да им биде обезбеден.
Во одговорот на Владата не е наведено колку лица моментално го користат надоместокот, колку пари годишно се издвојуваат од државниот буџет, ниту колку службени станови има на располагање.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата