logo
logo
logo

(ФОТО) МИСЛЕЛ НИКОЈ НЕ ГО ГЛЕДА - Гостиварец уапсен додека фрлал отпад во Пена

Vecer | 01.07.2026

(ФОТО) МИСЛЕЛ НИКОЈ НЕ ГО ГЛЕДА - Гостиварец уапсен додека фрлал отпад во Пена

Педесет и четиригодишен жител на Тетово е лишен од слобода откако, според полицијата, фрлал вреќи со отпад во реката Пена.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 30 јуни околу 18:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Б.С. (54) од Тетово поради сомнение дека сторил кривично дело „загадување на животната средина и природата“.

До расчистување на случајот дошло по објавување видео на социјалните мрежи, на кое се гледа лице кое со патничко возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки фрла вреќи со непознат отпаден материјал во реката Пена, во близина на улицата „Видоје Смилевски-Бато“.

По преземените мерки, полицијата го идентификувала и пронашла осомничениот, кој во службен разговор го признал делото.

За случајот е известен јавен обвинител, а по неговото целосно документирање против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk