ПРОДОЛЖЕНИОТ ВИКЕНД ЌЕ БИДЕ ВИСТИНСКИ ПЕКОЛ

Vecer | 26.08.2026

ПРОДОЛЖЕНИОТ ВИКЕНД ЌЕ БИДЕ ВИСТИНСКИ ПЕКОЛ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Продолжениот викенд ќе помине во знакот на многу топло време, со температури кои во петок и сабота ќе се доближат до 40 степени, прогнозира УХМР.

Во петок се очекува сончево и многу жешко време со максимална температура од 39 степени, а чувството на топлина ќе достигнува околу 40 степени. УВ индексот ќе биде висок – 7, па се препорачува претпазливост при подолг престој на отворено.

Во сабота температурата ќе достигне 38 степени, со претежно облачно, но спарно и многу топло време. Чувството на температура ќе биде околу 39 степени, а прогнозата предупредува на зголемен ризик од дехидрација и топлотен удар при подолга изложеност на сонце.

Мало намалување на температурите се очекува во недела, кога максималната ќе достигне околу 36 степени. Ќе има повеќе сончеви периоди, а чувството на топлина ќе биде околу 38 степени.

И во трите дена УВ индексот ќе остане висок, па се препорачува избегнување директна изложеност на сонце во најтоплиот дел од денот, внесување доволно течности и посебно внимание за децата, повозрасните и хронично болните лица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk