logo
logo
logo

Тешка несреќа кај Лисец: 20-годишен возач итно пренесен во Скопје по излетување со четирицикл

Vecer | 06.07.2026

Тешка несреќа кај Лисец: 20-годишен возач итно пренесен во Скопје по излетување со четирицикл

На 05.07.2026 година во 21:24 часот, во СВР Тетово, од Клиничка болница Тетово пријавиле дека за укажување лекарска помош биле донесени две лица повредени во сообраќајна незгода.

Полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово извршиле проверки и утврдиле дека на патот кај село Лисец, четирицикл управуван од Ф.М. (20) од село Пирок, на кој сопатник бил неговиот соселанец А.Х. (19), излетал од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.М., кој поради сериозноста на повредите е префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Сопатникот А.Х. се здобил со телесни повреди, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk