logo
logo
logo

Трагедија во Охрид - ПРОГОЛТАЛ ПАКЕТЧЕ СО ДРОГА И ПОЧИНАЛ

Vecer | 09.07.2026

Трагедија во Охрид - ПРОГОЛТАЛ ПАКЕТЧЕ СО ДРОГА И ПОЧИНАЛ

На 08.07.2026 година во 22.30 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, лишен од слобода е И.М.(32) од Охрид.

Тој, управувајќи патнички автомобил „Ренџ Ровер“ со чешки национални ознаки, не го сопрел возилото по даден знак од полициската патрола туку избегал и по дополнително преземени активности, бил застанат.

-Притоа, полициските службеници во возилото го забележале С.П.(44) од Охрид кој веднаш проголтал опаковка со наркотична материја по што, му се влошила здравствената состојба. Од страна на полициските службеници, повикана е Итната медицинска помош со чие возило С.П. е пренесен во Општата болница во Охрид. Таму, и покрај преземените медицински мерки, тој починал, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По наредба на јавен обвинител, денеска ќе биде извршена обдукција во Општата болница во Битола.

По насоки на јавен обвинител, се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk