Туризмот бележи таст тврди претседателот на Владата Христијан Мицкоски според кој иницијативата и мерките на власта даваат резултати.
„Имаме голем скок кај доаѓањата на нашите аеродроми. И тоа, впрочем го нотира Светска Банка во „Tourism watch“ во последната едиција од овој извештај, објавено во јуни 2026 година. Во којашто ја рангира Македонија како прва земја во Европа по зголемениот процент на доаѓања на гости и зголемениот процент на странски доаѓања и преноќувања, нешто што за нас е навистина импресивно“.

Според Мицкоски, бројот на странските туристи е зголемен за 40 проценти во споредба со истиот период минатата година.
„Тоа е за нас големо признание, посебно што тоа учествува во Бруто домашниот производ и јас очекувам веќе тоа да се забележи во Бруто домашниот производ во вториот квартал од оваа година“, додаде Мискоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата