logo
logo
logo

КИЦ во Загреб најавува над десет настани по повод 35 години од македонската независност

Vecer | 05.09.2026

КИЦ во Загреб најавува над десет настани по повод 35 години од македонската независност

Македонскиот КИЦ во Загреб со голема гордост и радост најавува богата и разновидна културна програма со која во текот на септември, со преку десетина настани, ќе ја одбележиме 35-годишнината од независноста на Македонија. Оваа годишнина е прилика заеднички да го прославиме долгогодишното пријателство, културната поврзаност и соработката меѓу Македонија и Хрватска.

Програмата свечено ја отвораме заедно со македонската Амбасада во Хрватска со гала концерт на македонска хорска музика на меѓународно реномираниот професионален хор ПРО АРС, под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, чии изведби на посетителите ќе им донесат незаборавно музичко доживување. Покрај концертот, во Хрватскиот државен архив ќе биде поставена и ексклузивна изложба на Државниот архив на Македонија, под наслов АРХИВСКИТЕ ДОКУМЕНТИ – СТОЛБ НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ, која преку документи и архивска граѓа ќе го претстави историскиот пат на Македонија до независноста.

Продолжуваме со филмската проекција МАКЕДОНСКИ ОСКАРОВЦИ во ДОКУКИНО КИЦ, со која свечено го најавуваме второто издание на патувачкиот Фестивал на македонскиот филм. По проекцијата, Фестивалот продолжува во текот на целиот септември и октомври, гостувајќи во повеќе од 10 хрватски градови, претставувајќи ја македонската кинематографија до публиката низ цела Хрватска.

Културната размена ќе ја надополни и POETIC BRIDGE FESTIVAL, меѓународен поетски фестивал на кој Македонија ќе ја претставува истакнатата поетеса Сузана В. Спасовска, придонесувајќи кон дијалогот и поврзувањето преку поезијата и уметничкиот збор.

Следете нè за заеднички да ги одбележиме 35 години независност со врвна културно-уметничка програма.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk