НАСИЛСТВО МЕЃУ ТИНЕЈЏЕРИ ВО ШТИП: Тепале малолетници, снимале напад со телефон и упатувале закани кривични пријави за двајца

Vecer | 26.10.2026

НАСИЛСТВО МЕЃУ ТИНЕЈЏЕРИ ВО ШТИП: Тепале малолетници, снимале напад со телефон и упатувале закани  кривични пријави за двајца

СВР Штип поднесе кривична пријава против 15-годишник од Штип и 18-годишниот А.М. од Струмица, кој престојувал во Штип, поради сомнение за сторени три кривични дела „насилство врз дете“.

Според информациите од МВР, на 15 септември 2026 година, двајцата физички нападнале 15-годишник во Штип, а првопријавениот го снимал нападот со мобилен телефон.

Четири дена подоцна, на 19 септември, за време на манифестација во Штип, повторно го пресретнале истиот малолетник и му упатувале закани.

Пријавените се сомничат и дека на 17 септември, во дворот на образовна установа во Штип, физички нападнале 16-годишник.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk