(ВИДЕО) „НА ПРИВАТНИ ЗАБАВИ ИМ ПЕЕ ИСТИОТ ПЕЈАЧ“: Манасиевски ги прозва Филипче и Заев за нивните односи со Вучиќ

Vecer | 26.10.2026

(ВИДЕО) „НА ПРИВАТНИ ЗАБАВИ ИМ ПЕЕ ИСТИОТ ПЕЈАЧ“: Манасиевски ги прозва Филипче и Заев за нивните односи со Вучиќ

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната вонредна прес-конференција упати критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го за блиски врски со српскиот претседател Александар Вучиќ и поранешниот премиер Зоран Заев.

Манасиевски тврдеше дека Филипче и Заев претходно соработувале со Вучиќ и посочи дека тројцата, како и претседателката на српското собрание, Ана Брнабиќ, присуствувале на приватни забави на кои настапувал пејачот Харис Џиновиќ.

Тој ги отфрли обвинувањата што, според него, Филипче ги упатува кон Вучиќ, оценувајќи дека тие не можат да ги избришат претходните политички врски. Манасиевски спомена и други наводни поврзаности меѓу Филипче, Заев и Вучиќ, вклучително и кадровски решенија и соработки за кои, како што рече, допрва ќе се дознава.

Осврнувајќи се на политичките резултати на СДСМ, Манасиевски направи споредба со партии од Унгарија и Србија, за кои тврдеше дека се блиски до СДСМ. Тој рече дека партијата на последните предвремени локални избори во Брвеница и Куманово била на четвртото место, а во Скопје на петтото.

Според Манасиевски, СДСМ избегнува да бара предвремени парламентарни избори и покрај тоа што е во опозиција. Тој го повика Филипче да се занимава со состојбите во сопствената партија, наместо, како што рече, да се обидува да ја извртува реалноста со обвинувања кон други политичари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk