Доцна синоќа во СВР Скопје било пријавено дека околу 21:45 часот, на автопатот Скопје – Тетово, во атарот на селото Ласкарци, патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот Е.К. од селото Палатица, удрило во ограда и излетало од патот.
Според информациите од МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Е.К. и сопатниците М.С. (19) и 15-годишен малолетник, додека со телесни повреди се здобил уште еден сопатник, Е.К. (20), сите од селото Палатица. Повредите им биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата