logo
logo
logo

„ОКТА“ ПОВТОРНО ЌЕ ПРОИЗВЕДУВА ДИЗЕЛ? Владата разговара со раководството

Vecer | 15.10.2026

„ОКТА“ ПОВТОРНО ЌЕ ПРОИЗВЕДУВА ДИЗЕЛ? Владата разговара со раководството

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека од информациите што ги добил од трговците со нафта и нафтени деривати не треба да се очекува недостиг на дизел-гориво до крајот на годината, а она што тие му го пренеле во приватни разговори е дека не очекуваат проблеми во снабдувањето ниту за наредната година. Сепак, вели премиерот, разговарале и со раководството на „Окта“ за можноста за нејзино рестартирање и прозводство на дизел-гориво од сурова нафта, особено поради тоа што рафинеријата сега преку продуктводот е поврзана со солунското пристаниште. Ние како држава, нагласи, остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардот на граѓаните.

- Од она што го имам како повратна информација од трговците, до крајот на годината ние не треба да стравуваме за каков било недостиг. Напротив, исто така, неофицијално во приватни разговори, од нив ни беше потврдено дека немаат проблеми и за следната година, односно ќе немаат проблеми ниту за следната година - рече Мицкоски

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk