ШТО Ѝ ПОРАЧА МЕРЦ НА МАКЕДОНИЈА И НА БАЛКАНОТ, Мицкоски говореше за Берлинскиот процес

Vecer | 29.10.2026

ШТО Ѝ ПОРАЧА МЕРЦ НА МАКЕДОНИЈА И НА БАЛКАНОТ, Мицкоски говореше за Берлинскиот процес

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница посветена на пратеничките прашања се осврна на очекувањата од последниот самит на Берлинскиот процес, кој се одржа во Црна Гора.

- Тоа што се случуваше на самитот во Црна Гора е продолжение на она што го зборувавме на самитот во Лондон. Практично, канцеларот Мерц најави што е тоа што го очекува од земјите од Западен Балкан, но и која е генерално стратегијата на самиот Берлински процес, но и стратегијата на ЕУ кога станува збор за проширувањето. Во Лондон рече дека таму на Балканот има премногу проблеми, јас сум адвокат, ќе составам еден договор, сите ние треба да седнеме и да го потпишеме тој договор за да може да одиме напред без проблеми. Ние во ЕУ не сакаме регион што ќе ни донесе проблеми внатре. И тоа беше главната порака уште на самитот во Лондон, која потоа преовладуваше и на самитот во Црна Гора - рече Мицкоски одговарајќи на прашање од пратеничката Драгана Бојковска од ВМРО-ДПМНЕ за тоа кои се неговите очекувања по самитот.

Премиерот посочи дека Европа е соочена со предизвици од она што се случуваше, се случува и ќе се случува.Тој потсети на последиците што ги предизвика референдумот во Исланд, покраинските избори во Германија, но и последиците од глобалните случувања во светот, кои ескалираа со протести во многу од европските земји.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk