ФОТО + ВИДЕО | Се запали возило во движење И ИЗГОРЕ ДО ПЕПЕЛ ВО БЛИЗИНА НА УЈП ВО СКОПЈЕ

Vecer | 03.11.2026

ФОТО + ВИДЕО | Се запали возило во движење И ИЗГОРЕ ДО ПЕПЕЛ ВО БЛИЗИНА НА УЈП ВО СКОПЈЕ

Возило се запали денеска во близина на Управата за јавни приходи (УЈП) во Скопје, при што пожарот предизвика густ црн чад кој се издигнуваше над околните згради.

Според фотографиите од местото на настанот, пламените јазици го зафатиле возилото, додека густиот чад бил видлив од поголема оддалеченост.

Инцидентот се случил на прометна сообраќајница, каде што во моментот имало и други возила. Автомобилите се движеле во непосредна близина на местото каде што избувнал пожарот.

Не е познато ниту дали пожарот настанал како последица на технички дефект или поради други околности.

Се очекуваат дополнителни информации од надлежните институции за причините и последиците од инцидентот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk