logo
logo
logo

МАРКО БИСЛИМОСКИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, писмено го известил Собранието

Vecer | 12.02.2026

МАРКО БИСЛИМОСКИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, писмено го известил Собранието

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски денеска поднесе оставка, потврдија за Плусинфо од Регулаторната комисија за енергетика.

Бислимоски утрово со писмо го информирал претседателот на Собранието дека се повлекува од функцијата, без да ги наведе причините за повлекувањето.

Бислимоски на функцијата претседател на Регулаторната комисија за енергетика беше избран во јуни 2018 година.

Пред нешто повеќе од две недели Управата за финансиска полиција (УФП) му поднесе кривична пријава на Бислимоски под сомнение дека ја злоупотребил службената положба и овластување, бидејќи не ја одзел навреме лиценцата на компанијата „Тритерол петрол“ ДООЕЛ Скопје, иако не ги исполнувала условите за трговија со нафта и горива. Тоа и овозможило на компанијата да работи уште околу 15 месеци и за тој период остварила промет од над 3,15 милиони евра и противправна имотна корист од околу 229.000 евра.

Бислимоски демантираше дека работел незаконски и рече дека ќе им ги стави на располагање сите информации на надлежните институции, со цел да докаже дека во постапката за одземање на лиценцата на компанијата не било направено никакво прекршување на законската регулатива.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk