Обвинителството по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

Vecer | 12.08.2026

Обвинителството по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Основното јавно обвинителство од Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче.

Како што соопшти обвинителството, надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните последици.

- Доколку бидат утврдени елементи на кривично дело против животната средина и идентификувани сторители, Јавното обвинителство ќе постапи согласно надлежностите за кривичен прогон, се додава во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk