logo
logo
logo

Книжевно-уметничка вечер во Скопје: ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „ЛОГОСТРОЈ“ ОД ДАРИО БОЖИНОВСКИ

Vecer | 30.09.2026

Книжевно-уметничка вечер во Скопје: ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „ЛОГОСТРОЈ“ ОД ДАРИО БОЖИНОВСКИ

На 29 септември 2026 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, присуствуваше на промоцијата на книгата „Логострој“ на м-р Дарио Божиновски, која се одржа во НУ „Музеј на македонската борба за самостојност“ – Скопје.

За книгата говореа Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј и м-р Стефан Цветановски, професор во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје. 

На промоцијата присуствуваа и Нивните Преосвештенства, Епископите: Хераклејски г. Климент и Дремвитски г. Давид, како и голем број гости, пријатели, соработници и љубители на пишаниот збор. 

Посебен дел од промоцијата беше и музичката програма, во која настапија фаготистот Марио Иванчов и виолончелистот Александар Ицковски, со што на книжевната вечер ѝ беше дадена дополнителна уметничка димензија.

Промоцијата помина во свечена и пријатна атмосфера.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk