logo
logo
logo

НОВ БУЏЕТСКИ РЕКОРД - Царината собра 87,6 милиони евра повеќе од лани

Vecer | 05.08.2026

НОВ БУЏЕТСКИ РЕКОРД - Царината собра 87,6 милиони евра повеќе од лани

Царинската управа во јули оствари историски највисокa месечна наплата на приходи од 14,14 милијарди денари, што е за 1,5 милијарди денари или 11,8 проценти повеќе од јули минатата година.

Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, вели дека ваквите податоци се доказ дека системот што се гради во изминатите две години ја зголемува способноста на државата да генерира повисоки приходи.

„Најзначајниот аспект на фактот што по четврти пат во последните две години ги надминуваме рекордите во наплатата на приходи на историско ниво – почнувајќи од над 12 милијарди денари во јули минатата година и сега над 14 милијарди денари не е самата бројка туку трендот што го отсликува. Ова е доказ дека успесите не се изолирани случаи, туку резултат на ефикасноста на  системот што го градевме во изминатите две години. Ваквиот систем ни овозможува да генерираме повисоки приходи и да испорачаме подобри услови за живот за граѓаните“, потенцира Николовски.

Согласно анализата на наплатата на приходите остварена во јули, зголемувањето во најголем дел се должи на зголемените набавки на опрема од страна на Министерството за одбрана, зголемениот увоз на нафта и нафтени деривати, како и на зголемениот увоз на тутун и тутунски производи.

Кумулативно од почетокот на годинава заклучно со јули Царинската управа оствари вкупни приходи од 80,5 милијарди денари или 1,3 милијарди евра што е за 87,6 милиони евра повеќе од истиот период минатата година.

Николовски додава дека како институција која собира милијарди денари приходи за државниот Буџет, нашата должност е да обезбедиме подобри услови за водење бизнис и зголемување на конкурентноста на македонската економија.

„Нашата цел е јасна, градиме систем со кој безбедноста и полнењето на Буџетот не ја кочат економијата, туку се одвиваат паралелно преку модернизација и таргетирање на ризикот. Продолжуваме да градиме модерна, ефикасна и професионална Царинска управа која во континуитет испорачува резултати и придонесува за посилна економија“, истакна Николовски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk