ВМРО-ДПМНЕ со контра-понуда до Венко Филипче, ајде заедно да барараме гаранции за македонските евроинтеграции. Оваа понуда до СДСМ стигна од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во 24 Анализа.
"Еве ви контра-понуда, ајде заедно да се обединиме и да побараме гаранции од ЕУ дека по евентуални уставни измени, дека Македонија нема да биде блокирана поради билатерални прашања. Можеби ако имаме заедничка позиција може да издејствуваме подобри гаранции. Пренесете му на Филипче како контра-понуда од нас“, изјави за 24 Анализа Лефков.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата