logo
logo
logo

52 прекршоци за еден ден

ПИЈАНИ ЗАД КОРМИЛОТО - Полицијата затекна хаос на Охридското Езеро

Vecer | 06.07.2026

ПИЈАНИ ЗАД КОРМИЛОТО - Полицијата затекна хаос на Охридското Езеро

Во рамки на засилени летни контроли, вчера (05.07.2026) беше спроведена акциска контрола на пловните објекти во водите на Охридското Езеро, при што биле констатирани вкупно 52 прекршоци, а девет лица управувале пловни објекти под дејство на алкохол. Акцијата ја реализираа полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во соработка со Регионалниот центар за гранични работи Запад и инспектори од Капетанија на пристаништа Охрид.

Контролите биле спроведени согласно одредбите од Законот за внатрешна пловидба, при што биле проверени вкупно 63 пловни објекти. При извршената контрола, кај 31 пловен објект и 31 лице биле утврдени различни неправилности, меѓу кои: недостиг на задолжителна опрема, управување нерегистрирани или необележани пловни објекти, управување за време на забрана, управување без одобрение за пловидба, како и превезување поголем број патници од дозволеното.

Исто така, биле регистрирани и случаи на неносење пловидбена дозвола. По извршеното алкотестирање, кај девет лица е утврдено присуство на алкохол додека управувале пловни објекти. Дополнително, кај пет лица кои вршеле изнајмување педалинки, било констатирано нецелосно почитување на безбедносните правила при изнајмувањето. Од надлежните институции информираат дека ваквите акциски контроли ќе продолжат и во текот на летната сезона, со цел доследно почитување на законските одредби и зголемување на безбедноста на водите на Охридското Езеро.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk