ГОЛЕМА РЕФОРМА ВО ДРЖАВАТА - Вештачка интелигенција ќе лови криминални тендери

Vecer | 27.10.2026

ГОЛЕМА РЕФОРМА ВО ДРЖАВАТА - Вештачка интелигенција ќе лови криминални тендери

Собранието донесе историски измени и дополнувања на Законот за јавни набавки кои носат тотален пресврт во начинот на кој државните институции ги трошат народните пари! Со новите законски решенија се става крај на досегашните манипулации, се воведуваат современи дигитални алатки и драстично се зголемува транспарентноста при секој поединечен тендер.

Една од најголемите револуции во законот е задолжителното користење на критериумот „најдобар сооднос помеѓу цена и квалитет“. Ова значи дека при изборот на најповолната понуда повеќе нема да пресудува само најниската сума на хартија, што со години се злоупотребуваше за фалсификување и лош квалитет, туку ќе се оценуваат квалитетот, долгорочната оправданост и издржливоста на самите набавки.

За да се спречат скандалите и прелевањата на пари во приватни џепови, Бирото за јавни набавки добива проширени овластувања и современи дигитални системи базирани на вештачка интелигенција! Оваа напредна технологија автоматизирано ќе ги следи сите постапки, навремено ќе детектира сомнителни ризици и ќе алармира за неправилности што укажуваат на евентуални злоупотреби. Дополнително, се воспоставуваат директни веб-сервиси за автоматска размена на податоци меѓу сите државни институции, со што драстично се затвора просторот за фиктивни документи и рачни манипулации.

Голем чекор напред е и обврската за јавно објавување известувања дури и при постапките за преговарање во четири очи без претходен оглас, со што бизнисот и јавноста ќе имаат комплетен увид во овие специфични зделки. Законот носи и модернизација на Електронскиот пазар за набавки од мала вредност, суштинско професионализирање на кадарoт преку континуирана обука наместо фиктивни испити, како и усогласување на вредносните прагови и надоместоците за жалби со реалните економски услови.

Овие радикални промени се дел од реформските обврски од Планот за раст на Европската Унија и имаат за цел конечно да воспостават европски стандарди, максимална конкуренција и одговорно чување на секој денар од буџетот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk