Со едвај стотина присутни помина вчерашниот протест во Охрид за правда за брутално претепаната охриѓанка Сара. На собирот му претходеа обвинувања од граѓански активисти дека СДСМ се обидел да ја преземе организацијата на протестот и политички да го искористи граѓанскиот револт.
Според порталот „Охрид1“, приближно половина од присутните пристигнале со автобус од Кичево.
Протестот беше организиран со барање за правда за претепаната охриѓанка и за поголема институционална заштита на жените од насилство.
Во Вибер-групи со повеќе од 1.800 членови биле објавени преписки и обвинувања дека активисти на СДСМ се обидувале да ја преземат организацијата на граѓанскиот собир.
Дел од граѓаните порачале дека нема да поддржат партиски организиран протест.
На ваквите обвинувања се надоврза и иницијативата „Ниту една повеќе“, која се бори против насилството врз жените.
„Улиците и протестите ни припаѓаат нам, граѓанските! ГНЕВОТ НЕМА ДА НИ ГО ЗЕМЕТЕ“, порачаа од иницијативата, осудувајќи ги обидите за партиско вмешување во граѓанските протести.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата