ДВА СМРТНИ СЛУЧАИ ВО ЃОРЧЕ ЗА САМО ПЕТ ДЕНА: Обвинителството открива дали постои поврзаност

Vecer | 27.10.2026

ДВА СМРТНИ СЛУЧАИ ВО ЃОРЧЕ ЗА САМО ПЕТ ДЕНА: Обвинителството открива дали постои поврзаност

Две лица се пронајдени починати со траги од насилство во Скопје во период од пет дена, но Јавното обвинителство засега не утврдува поврзаност меѓу случаите. Од Обвинителството за „Скопје1“ посочуваат дека најнапред треба да се открие сторителот за да може да се испита дали постои евентуална врска.

„Во тој случај, секако се преземаат дејствија на откривање прво“, велат од Обвинителството за првиот случај, во кој 62-годишен маж беше пронајден починат со траги од насилство во својот дом во Ѓорче Петров.

Оттаму дополнуваат дека „за да се утврди евентуална поврзаност мора да се открие кој е сторител“.

Последниот случај беше пријавен денеска, 27 октомври, во 09:18 часот, кога М.А. ја пронашла својата 76-годишна мајка О.А. без знаци на живот во куќа на улицата „Ѓурчин Кокале“ во Скопје. Екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт со видливи траги од насилство, а по насоки на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

Претходно, на 22 октомври, во 18:40 часот, во полицијата било пријавено дека С.Ј. (62) е пронајден починат во својот дом на подрачјето на Ѓорче Петров. И на неговото тело биле констатирани траги од насилство, по што била наредена обдукција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk