Македонија прераснала во едно големо градилиште со реализација на повеќе од 1.200 проекти преку проектот за реалокација од централниот буџет кон општините, истакна премиерот Христијан Мицкоски за време на посетата на Општина Илинден.
Како што нагласи претседателот на Владата, дел од проектите се веќе завршени, дел се во процес на реализација, а очекувањата се следната година да се заокружи процесот од првиот и вториот повик, по што ќе се размислува за распишување на трет повик за општински проекти.
Пофалби за раководството на Општина Илинден и новата визија за државата
Мицкоски упати честитки до градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, за импресивната работа на терен, изразувајќи благодарност и до советниците, општинската администрација, локалната пратеничка и членовите на Владата за нивната посветеност.
„Дел од проектите се завршуваат, дел се во процес на реализација, а во меѓувреме општините подготвуваат нови проекти. Од една држава која беше ограбена, понижена и засрамена, доаѓаме до држава во која се гради напред и така ќе продолжиме ние како Влада понатаму да функционираме“, порача премиерот Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата