Од опозицијата ќе бидат разочарани бидејќи нивните црни сценарија и обиди „Алта банка“ да отиде во неизвесност, односно во стечај, нема да се реализираат, односно ќе имаме финансиска институција, банка којашто ќе биде сопственик на „Алта банка“. СДСМ имаат амбиција испреплетена со црни сценарија, а ние имаме амбиција да ја спасиме банката и таа да продолжи да функционира - изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Охрид.
- Ќе ја спасиме банката. Тоа е многу важно и за доверителите, но и за луѓето коишто се во на би рекол некаква релација со со Алта банката, а тоа е лоша вест за нашата опозиција, којашто се молеше и на дневна основа водеше кампања дека банката ќе банкротира и ќе отиде во стечај и така натаму. Тоа е првата порака којашто уште еднаш сакам да ја да ја кажам - рече премиерот.
Мицкоски исто така истакна оти се согласува Обвинителството да отвори случај, да поведе истрага, по што ќе се види што ќе каже таа истрага.
- Второ, ние како влада, секој оној кој ги исполнува сите законски услови, што ги исполнува правилата на работа, а впрочем истиот тој Мацура претходно се стекнал со право да работи и на територијата на Австрија, бидејќи австрискиот регулатор му дозволил да стане сопственик на дел од акциите во Адико банка, исто така истиот тој Мацура да влезе во би рекол трговски и деловни односи со „Рајфајзен банка“, една од поголемите финансиски институции во регионот, само покажува дека дека тоа што го зборуваат од кај опозицијата претставува политичка естрада и фолклор и јас ќе го третирам само во таа категорија дека е политичка естрада и фолклор - потенцира Мицкоски.
Тој додаде дека тука сопственикот ги исполнил сите услови, ги испочитувал сите критериуми и се стекнал со правото да работи на македонскиот пазар.
- Ние не можеме како Влада да бираме кој ќе работи или кој нема да работи. Ако од опозициската СДСМ правеле во минатото кој може да работи и како да работи, ако само неколку фирми коишто биле блиски до нив и до семејството тогашно, знаете кој можел да работи, ние тоа не го правиме, бидејќи секој оној којшто работи на една слободна, пазарна, демократска и би рекол трговска основа може да работи тука.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата