МИЦКОСКИ: НЕКА ИСТРАЖУВА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА АЛТА БАНКА, НАША ЦЕЛ Е ДА ЈА СПАСИМЕ И ДА ПРОДОЛЖИ ДА РАБОТ

Vecer | 09.11.2026

МИЦКОСКИ: НЕКА ИСТРАЖУВА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА АЛТА БАНКА, НАША ЦЕЛ Е ДА ЈА СПАСИМЕ И ДА ПРОДОЛЖИ ДА РАБОТ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Премиерот Христијан Мицкоски очекува Алта банка да продолжи да работи и порача дека Владата е насочена кон нејзино спасување, отфрлајќи ги обвинувањата на опозицискиот СДСМ во врска со нејзиното преземање.

Одговарајќи на новинарско прашање за барањето на СДСМ Обвинителството да отвори предмет за случајот, Мицкоски рече дека се согласува да биде поведена истрага за да се утврдат сите околности.

Тој оцени дека обидите на опозицијата да создаде сомнеж дека банката ќе заврши во стечај нема да успеат и најави дека се очекува финансиска институција да стане нејзин сопственик. Според него, продолжувањето на работењето на банката е важно за доверителите и за сите кои имаат деловни односи со неа.

Во однос на сопственикот, Мицкоски посочи дека, според него, се исполнети законските услови за работење на македонскиот пазар. Како аргумент ги наведе и претходните деловни активности на Мацура во Австрија, каде што добил дозвола за стекнување акции во Адико банка, како и неговите деловни односи со Рајфајзен банка.

Мицкоски нагласи дека Владата не може да избира кои компании ќе работат на пазарот доколку ги исполнуваат законските услови. Тој предупреди дека ограничувањето на работењето на компании врз основа на нивното потекло би можело негативно да влијае врз економските и политичките односи меѓу државите.

Премиерот повтори дека целта на Владата е Алта банка да биде спасена и да продолжи да функционира, додека обвинувањата на опозицијата ги оцени како политичка кампања.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk