МИЦКОСКИ: МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК МОРА ДА БИДЕ ЗАЕДНИЧКИ ЈАЗИК ВО ПРАВОСУДСТВОТО – Еве како ќе се полага правосудниот испит

Vecer | 09.11.2026

МИЦКОСКИ: МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК МОРА ДА БИДЕ ЗАЕДНИЧКИ ЈАЗИК ВО ПРАВОСУДСТВОТО – Еве како ќе се полага правосудниот испит
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Правосудниот систем мора да функционира според принципот на франка лингва, односно македонскиот јазик, бидејќи тоа е поврзано со владеењето на правото, а не со други права или политиканства. Ова денеска го изјави премиеaрот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Охрид, пренесе МИА.

Во врска со можноста на владина седница да се разгледува прашањето за полагање на правосудниот испит на албански јазик, како и со ставовите на коалицискиот партнер ЗНАМ, Мицкоски појасни дека нема да биде предложено решение со кое испитот во целост ќе се полага на албански јазик.

Според премиерот, решението што ќе биде доставено на владина седница предвидува два дела од испитот.

-Првиот дел вели дека студентите ќе можат оној дел што е поврзан со нивните додипломски студии, на јазик различен од македонскиот, а во Македонија такви студии се одржуваат на три јазици – на албански, турски и на англиски, да го полагаат на тој јазик на којшто го дооформиле своето високо образование. Оној дел од правосудниот испит каде што се симулира судски процес од дел од кривична или граѓанска постапка, тој дел ќе се полага на франка лингва – македонски јазик – рече Мицкоски.

Тој повтори дека со предложеното решение се потврдува ставот на Владата дека македонскиот јазик треба да биде заеднички јазик во правосудниот систем, нагласувајќи дека прашањето го поврзува со владеењето на правото, а не со други права или политички надмудрувања.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk