Државата бележи реален напредок во внатрешните реформи и има целосно усогласена надворешна политика со Европската Унија, а извештајот на Европската комисија ќе го потврди тоа, изјави шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски во интервју за МИА.
Тој нагласи дека блокадата на европскиот пат е последица на вештачки создаден проблем со Бугарија, кој настанал поради попустливоста на претходната власт.
„Најдобро е од ЕУ да дадат инпут, но ќе се види и во последниот извештај на ЕК дека државата напредува во делот на реформите. Ни останува предизвикот со Бугарија, вештачки создаден предизвик, меѓу другото заради тоа што две партии, за да се одржат на власт, попуштија сè што се бараше од нив. Ние работиме да го решиме тоа. Во меѓувреме, дури и да се реши ова прашање, ќе бидеме најдобриот можен кандидат и сме на вистинскиот пат“, порача Муцунски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата