Деветнаесетгодишен државјанин на Македонија е уапсен под сомнение дека се обидел да го убие Ненад Алајбеговиќ, познат како Алибек, во Белград. Осомничениот бил приведен на границата со Хрватска, додека се обидувал да ја напушти Србија, пренесува Курир.рс.
По налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, на А. А. му е одредено задржување до 48 часа поради сомнение за обид за убиство и недозволено производство, поседување, носење и трговија со оружје и експлозивни материи.
Според сомненијата, на 8 август минатата година, на улицата „Народни херои“ во Белград, осомничениот испукал повеќе куршуми од пиштол кон Ненад Алајбеговиќ, кој во тој момент се наоѓал во своето возило.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата