Силни осуди за говорот на омраза

СТРАВ ИЛИ УЦЕНА? Филипче срамно изгуби контрола

Vecer | 01.10.2026

СТРАВ ИЛИ УЦЕНА? Филипче срамно изгуби контрола
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Лидерот на СДСМ Венко Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот. Ова е срам за македонската политичка сцена, за СДСМ и за Филипче како нејзин претседател – рече Никола Мицевски, пратеник и координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

– Вакви срамни навреди кон претседател на Влада не и доликуваат на една опозиција која претендира да биде некогаш власт. Ова е говор на омраза и говор на човек кој очигледно се наоѓа во сериозна криза и сложена состојба.

Филипче, манифестира силен страв и остава впечаток дека е притиснат од внатрешни поделби и притисоци. Ова е говор на уценет човек. Ова не е речник што доликува на доктор и на човек кој е дел од академската заедница.

Секој нека се запраша: дали би му довериле одговорност и управување со вашите животи на човек кој во јавната комуникација употребува вокабулар како „идиот“? Дозволете да констатирам дека ваквиот вокабулар не доликува на професор, доктор и политичар – рече Мицевски.

Како координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Мицевски рече дека, заедно со пратениците, јасно го осудува говорот на омраза на пратеникот Венко Филипче.

– Навистина сме загрижени. Ова не е само прашање на воспитување, туку и на начинот на кој се однесува под политички притисок. Зошто е толку нервозен и зошто инсистира на капитулација пред Бугарија? Суштината на неговиот денешен испад и недоличното манифестирање и невоспитано однесување, не е во тоа дали Исланд е дел од заедничкиот европски пазар. Прашањето е дали презел политички обврски што сега не може да ги исполни и дали токму тоа е причината за ваквата нервоза. Инаку, Зошто толкава возбуда околу прашањето дали Исланд е дел од европскиот пазар? Тоа не е суштината – рече Мицевски.

Пратеникот Антонио Милошоски исто така го осуди речникот на лидерот на СДСММ.

– Ова е недоличен говор за еден професор и претседател на партија. Ваков вокабулар („таков идиот, комплетен”) и навреди повеќе се одлика на нервозен и уценет човек, наместо на опозиционен политичар кој има амбиција да биде премиер на држава. Гневот и омразата никогаш не со добри сојузници во јавните настапи. Загрижувачки – рече Милошоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk